10 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Голден Стејт стигна до осмата победа

НБА: Голден Стејт стигна до осмата победа

keri gs

Актуелниот шампион во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс ја забележа осмата победа од почетокот на сезоната и е единствениот тим кој се уште нема пораз во првенството. Голден Стејт славеше над Детроит со 109:95.

Победи во натпреварите кои се одиграа во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот забележаа уште Сан Антонио, Чикаго, Денвер, Минесота, Индијана и ЛА Клиперс.

Бековите Клеј Томпсон и Стеф Кари со 24, односно 22 поени го предводеа Голден Стејт до триумфот над Детроит, кој сега има скор од пет победи и два порази. Стенли Џонџон и Реџи Џексон постигнаа по 20 поени за Детроит, а Андре Драмонд оствари „дабл-дабл“ од 14 поени и 15 скокови.

ЛА Клиперс, во дербито, славеа над Мемфис со 94:92. Џеј Џеј Редик во последните 55 секунди постигна шест поени со кои го реши победникот. Редик мечот го заврши со 16 поени, а најефикасен кај Клиперси беше Блејк Грифин со 24 поени и 12 скокови. Зек Рендолф со 26 и Марк Гасол со 18 поени го предводеа Мемфис.

Ендрју Вигинс предводеше група од шестмина играчи на Минесота во победата над Атланта од 117:107. Вигинс натпреварот го заврши со 33 поени, додека кај Атланата Џеф Тиг имаше учинок од 24 поени и девет асистенции.

Сан Антонио одигра брилијантоно во последната четвртина во Сакраменто (34:19) и забележа убедлива победа од 106:88. Кави Ленард постигна 24 поени, а ветеранот Тим Данкан имаше учинок од 11 поени и 14 скокови.

Пол Џорџ постигна 27, а Џорџ Хил 23 поени во триумфот на Индијана над Орландо (97:84), Чикаго лесно славеше над Филаделфија со 111:88, а најефикасен беше Никола Миротиќ со 20 поени и 10 скокови. Филалдефија има седум порази и ниту една победа од стартот на сезоната.

Денвер го порази Портланд со 108:104, Џеј Џеј Хиксон имаше двоен ефект од 19 поени и 13 скокови кај победникот, додека Демијан Лилард го предводеше поразениот тим со 30 кошеви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП