3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИConnected Watch - првиот паметен часовник на Tag Heuer (фото+видео)

Connected Watch – првиот паметен часовник на Tag Heuer (фото+видео)

hojerce 001

Швајцарската компанија „Tag Heuer“ се приклучува на пазарот на паметни часовници со првиот предлог – „Connected Watch“. Уредот е развиен во соработка со „Google“ и „Intel“ и беше претставен во Њујорк, објави агенцијата „Bloomberg“.

hojerce 002

Дизајнот на „Connected Watch“ е инспириран од класичниот модел „Carrera“ на „Tag Heuer“ од 1963-та година. Куќиштето и ременот се изработуваат во Швајцарија од експертите на компанијата. Електрониката е обезбедена од страна на „Intel“, а софтверот од „Google“. Куќиштето е релативно големо – 46,2 мм во дијаметар и 12,8 мм дебелина, но е изработено од титаниум, за да е лесен и цврст. Ќе се нуди со гумена лента во седум бои, чија спојка исто е од титаниум.

hojerce 003

Цената на „Connected Watch“ е 1.500 долари, што вклучува и опција за замена на часовникот со класичен модел „Carrera“ по две години. Уредот користи „Android Wear“ за својот оперативен систем, а може да работи со сите смартфони од „Android 4.3“ и понови, како и со „iPhone“ со верзија на „iOS 8.2“ или понова. Врската со смартфонот се остварува преку „Bluetooth“, а исто така има и „WiFi“ модул.

hojerce 004

Вградени се 4GB за складирање на датотеки и апликации. Нема „GPS“ модул, па така овие податоци ќе се земаат од смартфонот. Има жироскоп, но не и сензор за следење на пулсот. Нема и звучник, па известувањата ќе се објавуваат преку вибрации. „Tag Heuer“ тврди дека часовникот ќе издржи околу 30 часа при нормална употреба пред да треба да се полни преку специјален „USB“ приклучок.

Како дополнителни можности, компанијата ќе нуди посебни апликации за известување на време, апликации за предлози за ресторани, следење на голф натпревари и друго. Ќе има и кориснички интерфејси, вклучувајќи со рекламните лица на компанијата. Постепено компанијата ќе понуди дополнителни содржини за часовникот, кои ќе се достапни само за него, а идејата е да се покаже дека најпаметниот часовник не е само хардвер. Продажбата во САД веќе почнаа, додека во останатите држави уредот ќе се нуди од следниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП