Меѓународната полициска организација Интерпол соопшти дека ќе координира глобалната истрага за наводна корупција и допингот меѓу атлетичарите.
Интерпол оваа информација ја објави откако Светската анти допинг агенција (WADA) соопшти дека Русија треба да биде суспендирана од сите натпреварувања поради „длабоко всадениот допинг“.
WADA, исто така, ја обвини и руската влада за прикривање на допингот.
Меѓународната атлетска федерација (IAAF) објави дека ќе го разгледа евентуалните сканции против Русија, вклучувајќи и суспензија на спортисти од таа земја.