1 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ загуби од Ц.ѕвезда

МЗТ загуби од Ц.ѕвезда

Image

Кошаркарите на МЗТ го забележаа првиот пораз на домашен терен во новата сезона, во АБА лигата. Во понеделникот, во последниот меч од деветтото коло МЗТ загуби од Црвена ѕвезда со 66:71.

МЗТ и Црвена ѕвезда одиграа просечен натпревар, а на крајот пресуди искуството на ‘црвено-белите’, односно соработката на плејмејкерот Јовиќ со центрите Цирбес и Штимац.

МЗТ против бранителот на титулата ниту еднаш немаше предност, од почетокот ја бркаше предноста на противникот која во еден момент изнесуваше и 15 поени, сепак победата Црвена ѕвезда ја обезбеди во последните две минути.

Дреновац со 19 поени и пет скокови, односно Буниќ со 14 и Љубичиќ со 12 беа најефикасни кај МЗТ, додека победникот го предводеше Јовиќ со 17 поени, четири скока и седум асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП