11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал Сосиедад го отпушти Мојес

Реал Сосиедад го отпушти Мојес

download

Шпанскиот фудбалски прволигаш Реал Сосиедад го отпушти досегашниот тренер Давид Мојес заради лошите резултати.

Клубот од Сан Себастијан во последното коло загуби на гостувањето кај Лас Палмас со 2:0 и во моментот се наоѓа на 16-то место во Примера со само 11 освоени бодови од 11 кола.

Мојес, кој пред доаѓањето во Реал Сосиедад имаше неуспешна епизода во Манчестер Јунајтед, откако претходно изгради репутација во Евертон кој го водеше 11 години, во Шпанија траеше нешто повеќе од една година.

Минатата сезона го презеде тимот, кој, како и сега, беше на работ на зоната на испаѓање, и го донесе на 12-то место на табелата. Но, лошиот влез оваа сезона го наведе менаџментот на клубот да направи промени.

Како кандидат со најголеми шанси да го презеде клубот се спомнува поранешниот тренер на Селта и Барселона Б, Еузебио Сакристан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП