2 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНигерија ја одбрани светската титула

Нигерија ја одбрани светската титула

nig fudbal

Фудбалската репрезентација на Нигерија, фудбалери до 17 години, ја одбрани титулата светски првак, на шампионатот чиј домаќин беше Чиле. Нигерија во финалето славеше над Мали со 2:0 и ја освои рекордната петта титула светски првак во оваа возрасна категорија. На патот до трофејот Нигеријците забележаа шест победи и еден пораз, од Хрватска (1:2).

Во африканското финале Нигерија славеше со головите на Виктор Осимхен во 56-та и Фуншо Бамгбоје во 59-та минута. Нигеријците стигнаа до триумфот благодарение на супериорната игра, победата можеше да биде и поубедлива, но Осиначи Ебере во четвртата минута не реализира пенал.

Третото место на Мундијалот за играчи до 17 години го освои Белгија со победата над Мексико од 3:2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП