18 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Неверојатна последна четвртина на Детроит во Портланд

НБА: Неверојатна последна четвртина на Детроит во Портланд

port-det 001

Неверојатната последна четвртина на кошаркарите на Детроит Пистонс, односно победите на Кливленд и Оклахома, ја одбележаа ноќта помеѓу неделата и понеделникот во НБА лигата.

Детроит победи во Портланд со 120:103, а последната четвртина тимот на Стен ван Ганди ја доби со неверојатно 41:11. Детроит во последната четвртина влезе со негатива од 13 поени, но во последните 12 минути се разигра Реџи Џексон кој во овој период постигна 26 поени, а мечот го заврши со 40 поени и по пет скока и асистенции.

Брилијантен меч за Детроит одигра и Андре Драмонд кој имаше учинок од 29 поени и 27 скокови.

Портланд го предводеше Демијан Лилард со 26 поени и 11 асистенции.

Инаку Детроит ја забележа првата победа во Портланд уште од 2007-ма година и сега има скор од пет победи и еден пораз.

Оклахома славеше над Феникс со 124:103 и ја прекина серијата од три порази. Најдобар на натпреварот беше Кевин Дурент со 32 поени, 11 скокови и четири асистенции, додека Расел Вестбрук имаше учинок од 20 поени, 13 асистенции и шест скокови. Кај Феникс се истакна Ерик Бледсо со 28 поени и 11 асистенции.

Леброн Џејмс кој не е целосно рехабилитиран од повредата на ногата го предводеше Кливленд до победата над Индијана од 101:97. Џејмс мечот го заврши со 29 поени, вклучувајќи ги седумте поени од линијата за слободни фрлања во финишот на натпреварот кога беше решен победникот.

Покрај Џејмс, кај Кливленд се истакна и Кевин Лав со 22 поени и 19 скокови.

Двоецот Пол Џорџ-Монта Елис со 32, односно 25 поени го предводеше тимот на Индијана.

Њујорк славеше над ЛА Лејкерс со 99:95, а ѕвездата на „езерџиите“ Коби Брајант со овации од трибините беше пречекан во „Медисон Сквер Гарден“. Брајант кој 20 години е во НБА лигата веројатно го одигра својот последен меч во Њујорк.

Коби мечот го заврши со 18 поени (6/19 шут од поле), а најдобар кај Лејкерси беше Рој Хиберт со 18 поени и 10 скокови. Кармело Ентони со 24 поени го предводеше Њујорк.

Мајами одигра брилијантно второ полувреме против Торонто и на крајот славеше убедливо со 96:76. Крис Бош со 23 поени, односно Хасан Вајтсајд со 20 поени и 11 скокови беа најефикасени во тимот на Мајами. За Репторси Валанчиунас постигна 17, Дерозан 16, а Лаури 15 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП