17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал зад Барселона пред „Ел Калсико“

Реал зад Барселона пред „Ел Калсико“

3000

Севилја го совалда Реал Мадрид со 3:2 во последниот натпревар од 11.коло во шпанската Примера. Реал го забележа првиот сезонски пораз, а Севилја е екипата која од почетокот на првенството забележа победи над двата најголеми шпански тима Барселона и Реал.

Дуелот на „Санчез Писхуан“ беше исклучително квалитетен и возбудлив, Реал одлично започна, доминираше во првите половина час, кога упати десет удари кон голот на Серхио Рико, а еден заврши во мрежата на Севилја.

Серхио Рамос постигна брилијантен гол со ножички, но дефанзивецот на Реал се повреди при постигнувањето на голот и веднаш ја напушти играта.

По примениот гол, Севилја го подигна нивото на својата игра и во 36.минута Чиро Имобиле успеа да израмни, откако при еден корнер беше заборавен на втората статива.

По еден час игра Севилја стигна до водство, по серијата на куси и точни додавања, играчот на мечот Конопљанка го проигра Евер Банега, кој својот 200-ти настап во Примера го зачини со гол.

Недостижна предност Севија створи во 74.минута кога Фернандо Љоренте одлично реагираше на еден центаршут од десната страна и рутунски со глава го совлада Кико Касиља.

До крајот на мечот Реал само успеа да го намали поразот и тоа преку Хамес Родригес кој по 70 денови се врати во составот на Рафа Бенитез.

Реал со овој пораз дербито со Барселона ќе го дочека од второто место на табелата со три бодови помалку од големиот ривал.

Барселона во ова рунда, предводена од Нејмар и Луис Суарез славеше со 3:0 над Виљареал.

Победа забележа и Атлетико Мадрид во дуелот со Спортинг Хихон. Трите бода со кои Атлетико се искачи на третото место на табелата, на ‘јорганџиите’ им ги однесе Гризман, буквално во последниот напад на мечот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП