10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеми во лондонското дерби, прв пораз на Клоп

Реми во лондонското дерби, прв пораз на Клоп

5100

Арсенал и Тотенхем одиграа 1:1 во лондонското дерби, кое се одигра во рамките на 12.коло, во Премиерлигата. Во неделните натпревари, Астон Вила освои бод против лидерот Манчестер Сити, а Јирген Клоп го доживеа првиот пораз на клупата на Ливерпул, откако ‘црвените’ загубија од Кристал Палас (1:2).

Арсенал не успеа да го искористи киксот на Манчестер Сити во Бирмингем и да се искачи на лидерската позиција во лигата. Арсенал и Сити се израмнети на првото место со по 26 освоени бодови.

Тотенхем подобро го отвори дуелот на „Емирати“ и стигна до предност со голот на Хари Кејн во 32.минута од натпреварот. Арсенал во вториот дел тргна во целосна офанзива и голманот на Тотенхем Љорис капитулираше по сопствена грешка во 77.минута.

Ливерпул ги разочара своите фанови со поразот од Кристап Палас, кој е прв за Јирген Клоп на клупата на ‘црвените’. Гостите поведоа со голот на Боласи во 21.минута, израмни Кутињо во финишот на првиот дел, а во продолжението на натпреварот Дан погоди за триумф на Кристал Палас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП