Киксот на Шкендија, на домашен терен против Турново е најголемото изненадување во 14.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Шкендија, која како домаќин игра во Кичево против Турново два пати имаше предност најпрвин преку Ибраими, а потоа и преку Жуниор, но предноста два пати ја анулираа Пандев и Најденов.
Вардар направи пресврт против Брегалница која на „Филип Втори“ стигна до водство преку Најденов, а потоа Ивановски, Хамбарџумјан, Блажевски погодија за нови три бода за Вардар.
Резултати, 14.коло:
Вардар-Брегалница 3:1
Силекс-Работнички 0:0
Шкендија-Хоризонт Турново 2:2
Шкупи-Ренова 3:0
Младост ЦД-Металург 1:5
Табела, 14.коло : 1. Вардар 36, 2. Шкендија 33, 3 Работнички 20 4. Силекс 19, 5. Шкупи 19, 6. Ренова 16, 7. Младост ЦД 13 , 8. Брегалница 13, 9. Х. Турново 13, 10. Металург 8.