24 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУбедлив триумф на ЖРК Вардар во Данска

Убедлив триумф на ЖРК Вардар во Данска

zrk-vardarrrrrr

Ракометарките на Вардар, во четвртото коло во Ц групата во Лигата на шампионките, ја забележаа третата победа, откако во Данска го декласираа Митјиланд со 25:15 (12:11).

Вардарки во Данска потврдија дека нивната форма оди во нагорна линија, против Митјиланд забележаа уште една убедлива победа, откако пред една недела во Скопје победија со 33:24.

Израмнетото прво полувреме им припадна на македонските шампионки со еден гол разлика, а во второто Вардарки ги декласираа противничките, чии напади се одвиваа од одбранбениот ѕидпредводен од брилијантната Амадин Лејно.

Одбраната на Вардар и Лејно на Митјиланд му дозовли да постигне само четири голови во второто полувреме.

Лејно со 19 одбрани беше најдобрата на теренот, додека во нападот Вардар го предводеа Лекиќ со шест и Алтхаус со четири голови.

Наредниот натпревар ЖРК Вардар ќе го одигра на 14.ноември, кога ќе гостува во Ѓер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП