19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМотоГП: Роси не успеа, Лоренцо светски првак

МотоГП: Роси не успеа, Лоренцо светски првак

_86577825_jorge_lorenzo_epa

Шпанецот Хорхе Лоренцо на Јамаха е победник на последната трка сезонава, Големата награда на Валенсија, освојувајќи ја третата титула светски првак во класата МотоГП.

Лоренцо пред последната трка имаше седум бодови помалку од тимскиот колега Италијанецот Валентино роси кој поради казна трката ја започна од последната стартна позиција. Роси поради туркањето на Маркез беше казнет и со одземање на три бода, што на Лоренцо му го отвори патот кон титулата.

Роси, или како што му е прекарот „Докторот“, возеше бескомпромисно на работ од опасноста и мина 22 ривали, но му недостигаа уште две места за да се пробие на втората позиција и да ја обезбеди титулата без разлика на позицијата на Лоренцо.

На крајот Лоренцо беше најбрз, второто место го освои Шпанецот Марк Маркез, а трет беше уште еден Шпанец Дани Педроса, додека Роси го освои недоволното четврто место.

Во вкупниот редослед Лоренсо победи со 330 бодови, Роси е втор со пет бодови помалку, а третото месо го освои Маркез со 241 бодови.

Во класата МотоГП2, пак, во последната трка во сезоната победи Шпанецот Тито Рабат, но титулата му припадна на Французинот Јохан Зарко, кој на крајот освои 352 бодови, втор е Шпанецот Алекс Ринс со 234, а Рабат е трет со 231 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП