3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоуз го доби дуелот со Дурент, Чикаго славеше над Оклахома

Роуз го доби дуелот со Дурент, Чикаго славеше над Оклахома

imamma

Дерик Роуз им одговори на критичарите кои прогнозираат дека тој ќе го напушти тимот и со 29 поени го предводеше Чикаго до победата над Оклахома 104:98.

Дерик Роуз во последните три ипол минути постигна десет поени и го спречи пресвртот на Оклахома. Плејмејкерот натпреварот го заврши со 29 поени (12/25 од поле), пет скока и седум асистенции. Двоцифрен број поени кај Булси постигнаа уште Џими Батлер 20 и Пау Гасол 11 на кои приодаде и 10 скокови.

Кевин Дурент беше најефикасен кај Оклахома со 33 поени, додека Расел Вестбрук имаше учинок од 20 поени, осум скокови и 10 асистенции.

Портланд славеше над Мемфис 115:96, благодарение на Демијан Лилард кој уфрли 27 поени, од кои 14 во третата четвртина кога беше решен победникот. Покрај Лилард, во третата победа во низа кај Портланд се истакна и Меколум со 20 поени, четири скокови и пет асистенции.

Двејн Вејд постигна 25 поени, влучувајчи и тројка од половина терен на крајот на првото полувреме и беше најзаслужен за победата на Мајами во Минесота (94:86).

Шарлот, во Далас, ја забележа втората последовна победа. Ал Џеферсон постигна 31 поен во триумфот на Шарлот од 108:94.

Густонска победа, во Денвер, забележаа и кошаркарите на Јута. Гордон Хејвард постигна 20 поени (7/13 шут од поле), за третиот триумф на Јута во петтиот сезонски натпревар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП