Седум натпревари се одиграа во кошаркарската Евролига, во рамките на четвртото коло. Во најинтересниот меч Реал на волшебен начин се спаси од пораз против Баерн Минхен.
Актуелниот европски првак, на домашен терен, на два и пол минути до крајот на мечот имаше негатива од осум поени (88:96), но до крајот со серија од 13:3 успеа да победи 101:99.
Во неизвесната завршница најпрвин Ѓедовиќ погоди тројка за Баерн на 20 секунди до крајот за 98:99, а потоа Џеј Си Керол на три секунди до истекот на натпреварот возврати со иста мерка и му ја донесе победата на Реал.
Рејес и Фернандес постигнаа по 20, а Љуљ 18 поени за Реал, додека кај Баерн најефикасни беа Ѓедовиќ со 22 и Ренфро со 21 поен.
Група А:
Химки-Стразбур 88:62
Реал Мадрид-Баерн Минхен 101:99
Група Б:
Армани Милано-Цедевита 68:77
Лаборал Куча-Анадолу Ефес 92:90
Олимпијакос-Лимож 75:49
Група Д:
Бамберг-Макаби 77:66
Дарушафака-ЦСКА Москва 75:80.