10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБулси и Роуз блиску до разделба

Булси и Роуз блиску до разделба

derrick-rose_650x455

Новинарот на ESPN, Брајан Виндхорст, смета дека започнала да пука врската меѓу Чикаго Булс и Дерик Роуз. Неколку сезони во НБА круговите се шпекулира дека двете страни не се во најдобри односи, а Виндхорст верува дека на почетокот на оваа сезона тоа е очигледно.

„Разделбата меѓу Роуз и Булси започна. Не знам колку долго ќе трае, ни дали ќе заврши. Сепак, тоа може јасно да се види. Тимот и франшизата веќе тргнаа напред“, рекол новинарот.

Проблемот меѓу двете страни е присутен неколку години, во 2013 братот на Дерик Роуз, Реџи, рече дека Булси не направиле речиси ништо да направат силен тим околу плејмејкерот. Одделни новинари сметаат дека оваа изјава на Реџи Роуз имала големо влијание и го забавила враќањето на Дерик по тешката повреда, поради која ја пропушти целата сезона.

Минатата година Булси биле незадоволни од незаинтересираноста на Роуз за преговорите кои тимот ги имаше со Кармело Ентони. Дерик Роуз не знаел дека ѕвездата на Њујорк треба да дојде во Чикаго на преговори.

На почетокот на оваа сезона медиумите пренесоа дека Роуз вербално се судрил со ѕвездата во подем Џими Батлер, но двајцата ова го демантираа.

Батлер полека се наметнува како лидер на тимот, а главна поддршка му се Гасол, Миротиќ, Ноа и Гибсон.

Дерик Роуз со Чикаго има уште две години од актуелниот договор, во кои треба да инкасира 41 милиони долари. Договорот ‘тежок’ 20 милиони долари по сезона е, исто така, една од причините поради кои Булси би можеле да го трејдуваат Роуз.

Плејмејкерот оваа сезона има просек од 10,2 поени, 5,4 асистенции и 2,8 скока по натпревар со лош процент на реализација од само 34 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП