9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМастер Париз: Изнер го елиминира Федерер

Мастер Париз: Изнер го елиминира Федерер

4000 (1)

Американецот Џон Изнер го приреди најголемото изненадување во досегашниот тек на Мастерс турнирот во Париз, откако во третото коло го елиминираше Роџер Федерер.

Изнер благодарение на одличниот сервис по два часа и 17 минути игра стигна до својата втора победа над Швајцарецот во нивниот седми меѓусебен дуел.

Американецот победи во три сета со 7:6, 3:6, 7:6.

Изнер во четвртфиналето ќе игра против Давид Ферер, кој исто така во три сета (6:7, 6:1, 6:4) славеше над Бугаринот Григор Димитров.

Четвртфинале во Париз избори и првиот носител Новак Ѓоковиќ, кој го победи Жил Симон (6:3, 7:5), како и Ришар Гаске на кого Кеи Нишикори му го предаде мечот во вториот сет. Инаку Ришар до моментот кога Нишикори го предаде мечот имаше предност од 7:6, 4:1.

Енди Мари, на патот до четвртфиналето го декласираше Давид Гофан со 6:1, 6:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП