9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОCAS го одби барањето на Роси

CAS го одби барањето на Роси

rosi 330

Валентино Роси, на решавачката трка во сезоната, Големата награда на Валенсија, ќе стартува од последната позиција, откако Судот за арбитража во спортот (CAS) го одби барањето на Италијанецот, казната која ја доби по трката во Малезија да му биде намалена или укината.

По трката за Големата награда на Малезија, Роси поради инцидентот со Марк Маркез, доби три казнени поени кои во комбинација со казнениот поен од трката во Мизано придонесоа Роси во Валенсија да стартува како последен.

Роси во последната трка во сезоната влегува со седум поени предност во однос на тимскиот колега Хорхе Лоренцо. Квалификациите за трката во Валенсија се в сабота (14:10 часот), а трката е в недела од 14 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП