9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБензема признал вмешаност во скандалот со Валбуена

Бензема признал вмешаност во скандалот со Валбуена

sud benzema 00

Главна вест во француските медиуми е Карим Бензема напаѓачот на Реал Мадрид, кој ноќта помеѓу средата и четвртокот ја мина во притвор. Бензема, денеска на сослушувањето во судот признал дека е вмешан во секс аферата на соиграчот од репрезентацијата Метју Валбуена.

По ова се огласија од канцеларијата на обвинителството со најава дека во најкус можен рок ќе одлучи како да постапуваат со 27-годишниот фудбалер. Нема да биде никакво изненадување доколку Бензема остане во притвор.

Весникот„Le Parisien пренесува детали од сослушувањето на Бензема пред судот. Тој признал дека му помагал на пријател од детеството (тврдејќи дека му враќал услуга), односно дека преку него тројцата сакале да изнудат пари преку него и стапиле во контакт со Валбуена.

Бензема, исто така, пред истражителите признал дека на репрезентативниот собир во октомври му рекол на Валбуена да контактира само со неговиот пријател. Бензема тврдел дека само сакал да му помогне на својот пријател, неразмислувајќи за последиците.

За потсетување, Валбуена бил уценуван поради секс снимка која се наоѓала во неговиот стар телефон. Тројцата кои некако дошле до тој телефон, од фудбалерот на Динамо Москва, кој како позајмен настапува во Лион, побарале поголема сума пари за да не ја објават снимката.

Бензема во целата ситуација бил вклучен за да му каже на Валбуена дека негов пријател и уште двајца ја поседуваат снимката.

Доколку истрагата покаже дека Бензема го наговарал Валбуена да им плати на луѓето кои го уценувале, а не само дека го известил за постоење на снимката и за уцената, тогаш може да биде обвинет дека за обид за изнуда, што значи петгодишна затворска казна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП