19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМерцедес повлекува 126.000 возила во САД заради грешка

Мерцедес повлекува 126.000 возила во САД заради грешка

mecka

Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенз ќе повлече 126.000 возила во САД, заради проблемите што можат да ги предизвикаат воздушните перничиња.

Од германската компанија е соопштено дека постои можност во одредени модели воздушното перниче да се активира и без удар.

Отповикувањето се однесува на моделите Ц-300, Ц-350, Ц-63 од 2008-ма и 2009-та година и ГЛК-350 4-матик од 2010-та година.

Од компанијата појаснуваат дека заради грешка при производството може да дојде до корозија на контролната единица на воздушното перниче и така да биде предизвикан дефектот.

Тоа може да доведе до тоа воздушните перничиња да се активираат без предупредување, или, пак, да не се активираат во случај на судар.

За сега е познато дека имало три активирања на воздушните перничиња во САД и исто толку во други земји, но не е соопштено дали некој е повреден.

Сопствениците на возилата ќе бидат информирани до крајот на оваа година, но Мерцедес не прецизираше кога ќе почне со повлекувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП