26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија 139-та, Белгија нов лидер на ФИФА листата

Македонија 139-та, Белгија нов лидер на ФИФА листата

rep trening

Продолжува слободниот пад на фудбалската репрезентација на Македонија на ранг листата која Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја објави на 5-ти ноември.

Поразот од Украина (0-2) и ремито во Белорусија (0:0) во октомвриските квалификациски натпревари ја сместија Македонија на 139-то место. Ова е најлошиот пласман на фудбалската репрезентација во нејзината историја.

На ФИФА листата Македонија назадуваше за седум позиции од претходното рангирање. Пред „црвено-жолтите“ се наоѓаат Палестина, Филипини, Чад, Танзанија, Јужен Судан, Кувајт, Сирија, Казахстан, Свазиленд…

Инаку на ФИФА листата има 209 селекции, а од европските репрезентации полош ранкинг од Македонија имаат само шест селекции: Луксембург, Молдавија, Малта, Лихтенштајн, Сан Марино и Андора.

ФИФА листата ја предводи репрезентацијата на Белгија, што е најдобар пласман на оваа репрезентација, втора е Германија, а трета е Аргентина која назадуваше за две позиции, потоа следуваат Португалија, Чиле, кој напредуваше за четири позиции. Во Топ 10 уште се и Шпанија, Колумбија, Бразил, Англија и Австрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП