8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Не запира серијата на Кари, Бил го сруши СА

НБА: Не запира серијата на Кари, Бил го сруши СА

kari eee

Голден Стејт и Торонто ја продолжија серијата на победи во НБА лигата, двата тима имаат по пет победи на исто толку натпревари. Во ноќта помеѓу четвртокот и петокот Голден Стејт славеше над ЛА Клиперс, а Торонто против Оклахома.

Стеф Кари, од почетокот на сезоната на секој натпревар покажува зошто минатата сезона беше прогласен за МВП. Кари со 31 поен, пет скока и четири асистенции го предводеше тимот до победата над ЛА Клиперс (112:108). Покрај Кари и останатите од стартната петорка на Голден Стејт постигнаа двоцифрен број на поени: Барнс (17 поени, 9 скока), Томпсон (16 поени, 5 скока, 5 асистенции), Езели (12 поени), Грин (10 поени, 5 скока).

Крис Пол со 24 поени и девет асистенции, Блејк Грифин со 23 поени и 10 скока, односно Деандре Џордан со 11 поени и 13 скокови беа најекспонираните играчи на ЛА Клиперс.

Торонто продолжува да го подобрува клупскиот рекорд, петтата сезонска победа екипата од Канада ја забележа во Оклахома (103:98). Демар Дерозан постигна 28 поени, а Јонас Валанчиунас имаше учинок од 17 поени и 11 скокови. Брилијантен меч кај Оклахома одигра Расел Вестбук (22 поени, 16 асистенции, 5 скока), додека Кевин Дурент постигна 27 поени.

Бредли Бил постигна тројка во последната секунда и му овозможи на Вашингтон да слави над Сан Антонио (102:99). Бил мечот го заврши со 25 поени, додека Џон Вол имаше двоен ефект од 17 поени и 13 асистенции. Кај Сан Антонио кој го доживеа вториот пораз во петтиот натпревар најпрецизен беше Кави Ленард со 23 поени.

Хјустон по продолжението славеше над Орландо (119:114). Џејмс Харден во продолжението постигна седум од деветте поени на тимот, мечот го заврши со 28 поени, но со лоша реализиција на ударите од поле (6/22, 2/11 за три). Двајт Хаурд оствари ‘дабл-дабл’ од 23 поени и 14 скокови.

Резултати: Индијана-Бостон 100:98, Вашингтон-Сан Антонио 102:99, Атланта-Бруклин 101:87, Кливленд-Њујорк 96:86, Хјустон-Орландо 119:114, Милвоки-Филаделфија 91:87, Оклахома-Торонто 98:103, Феникс-Сакраменто 118:97, Јута-Портланд 92:108, Голден Стејт-ЛА Клиперс 112:108.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП