27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМиркуловски: Ја дадоа 13-ката, сега на ред се парите!

Миркуловски: Ја дадоа 13-ката, сега на ред се парите!

mirko 000

Ракометниот клуб Металург го официјализираше трансферот на Словенецот Давид Шпилер. Искусниот играч треба да биде големо засилување за тимот на Лино Червар, тој треба да ја поврзе играта на тимот во нападот, онаму каде што сезонава Металург има најмногу проблеми.

Но, иако одработи само неколку тренинзи со новите соиграчи, а за официјалното деби ќе почека по паузата во првенствата поради неделата на ЕФХ. Шпилер ни крив, ни должен се најде во центарот на вниманието на македонската ракометна јавност.

mirko 002

Имено, проблемот е бројот кој Словенецот ќе го носи на својот грб во Металург. По пристигнувањето, тој го побарал бројот 13 и тука нема ништо спорно, Шпилер овој број го носи во текот на целата своја кариера, туку проблемот е во ставот на Металург, кој од пред околу една година, кога иконата на овој клуб и македонски репрезентативец, Филип Миркуловски, замина од Автокоманда излезе со став дека бројот 13 го става во мирување и доколку некој ракометар го сака овој број тогаш ќе треба навистина да го заслужи.

Не требаше да мине многу време за да се огласи Филип Миркуловски, на својот профил на социјалната мрежа Facebook, воедно обраќајки им се и на поранешните соиграчи од Автокоманда: Ојлески, Јоноски, Манасков, Георгиевски напиша: „Ја дадоа 13-ката, сега изгледа се на ред парите да ни ги дадат“.

mirko 003

Инаку, Миркуловски по заминувањето од Металург играше во Хановер, а од оваа сезона е член на Вецлар. Тој поради повреда нема да биде во македонската репрезентација која од 6-ти до 8-ми ноември ќе учествува на турнирот во Умаг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП