17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Дебакл на Арсенал во Минхен, Пардо е херојот на Пиреја

ЛШ: Дебакл на Арсенал во Минхен, Пардо е херојот на Пиреја

hi-res-e4e8cc095f37330eaf7f84286bf3652f_crop_north

Фудбалерите на Зенит на две кола до крајот на фазата по групи во ЛШ, обезбедија пласман во нокаут фазата. Ден претходно истото го направија Реал и Манчестер Сити. Во најпривлечниот натпревар Баерн го декласираше Арсенал (5:1), додека Рома и Баер Левверкузен одиграа уште еден одличен меч кој заврши со победа на ‘волчицата’ (3:2). Победа во оваа рунда запиша и Челзи.

Според очекувањата Барселона, предводена од Нејмар и Суарес, лесно се справи со белорускиот првак БАТЕ Борисов и го потврди учеството во нокаут фазата. Главоболки за тренерот Луис Енрике прествува повредата на Ракитќ кој по 20 минути ја напушти играта.

Рома фуриозно започна на „Олимпико“, за половина час против Баер поведе со 2:0 и имаше уште две добри шанси за зголемување на предноста. Во второто полувреме германскиот тим за десет минути израмни, а конечниот резултат го постигна Пјаниќ од пенал.

Група Е:

Барселона-БАТЕ Борисов 3:0

(Нејмар 31, 83, Суарез 60)

Рома-Баер Леверкузен 3:2

(Салах 2, Џеко 29, Пјаниќ 80-Кампл 46, Чичарито 52)

Табела: Барселона 10, Рома 5, Баер 4, БАТЕ 3

Баерн против Арсенал, кој настапи без неколку стандарни играчи, демонстрирапе моќ пред своите гледачи и буквално го прегази противникот. Баерн си обезбеди пласман во осминафиналето, додека Арсенал сега има минимални шанси да стигне до второто место.

Олимпијакос имаше многу проблеми но на крајот со пресврт славеше над Динамо. Херојот на Пиреја е Колумбиецот Пардо кој ги постигна двата гола за грчкиот шампион, првиот по само 60 секунди по влегувањето во игра, а вотриот во 90.минута.

Група Ф:

Баерн Минхен-Арсенал 5:1

(Левандовски 11, Милер 29, 89, Алаба 44, Робен 56-Жиру 69)

Олимпијакос-Динамо Загреб 2:1

(Пардо 65, 90-Хоџиќ 21)

Табела: Баерн 9, Олимпијакос 9, Динамо Загреб 3, Арсенал 3

Жозе Мурињо барем за момент нема да биде под притисок, иако Челзи против Динамо Киев од нова катастрофа го спаси индивидуалната мајсторија на Вилијан. Австрискиот дефанзивец од Динамо Драговиќ беше во центарот на вниманието, тој постигна авто гол и гол, пред Вилијам да го реши натпреварот.

Порто беше фаворит во Тел Авив против Макаби и таа улога ја оправда, забележувајќи лесна победа. За утеха Макаби го постигна првиот гол сезонава во фазата по групи.

Група Г:

Челзи-Динамо Киев 2:1

(Драговиќ 34 аг, Вилијан 83-Драговиќ 78)

Макаби Тел Авив-Порто 1:3

(Захави 75-Тељо 19, Андре 50, Лајун 72)

Табела: Порто 10, Челзи 7, Динамо 5, Макаби 0

Зенит славеше на „Жерлан“ во Лион и им се приклучи на Реал и Манчестер Сити кои ден претходно обезбедија пласман во нокаут рундата. Инаку Зенит е единствениот тим во ЛШ со максимален ефект по четири одиграни натпревари.

Гент минимално ја совлада Валенсија и ја забележа првата победа во ЛШ, во клубската историја.

Група Х:

Олимпик Лион-Зенит 0:2

(Дзјуба 25, 58)

Гент-Валенсија 1:0

(Кумс 49)

Табела: Зенит 12, Валенсија 6, Гент 4, Лион 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП