16 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДесетмесечна суспензија за претседателот на Трабзонспор

Десетмесечна суспензија за претседателот на Трабзонспор

trabzon pretsedatel

Претседателот на фудбалскиот клуб Трабзонспор доби десетмесечна суспензија од Фудбалската федерација на Турција. Ибрахим Хациосманоглу, минатата недела, незадоволен од судењето на натпреварот со Газијантеп, наложил судиите да бидат заклучени во нивната соблекувална.

Натпреварот Трабзонспор-Газијентеп заврши со резултат 2:2, а Хациосманогулу незадоволен што не бил досуден пенал за неговата екипа во финишот на мечот, им наложил на неколкумина функционери на клубот да го заклучаат судијата Кагатај Сахан и неговите помошници во соблекувалната додека тој не дојде на стадионот.

Претседателот на Трабзонспор за време на натпреварот бил во Истанбул.

Заложничката драма ја решил лично турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој телефонски интервенирал.

Судиите потоа со полициска придружба го напуштиле стадионот, а навивачите на Трабзонспор фрлале по нив со камења и шишиња.

Поради овој инцидент четворица функционери на Трабзонспор добија едногодишни суспензии.

Претседателот Хациосманоглу (49), покрај суспензијата е казнет и парично со 48.500 евра, а неговиот клуб наредните два натпревари на кои ќе биде домаќин ќе ги игра без присуство на публика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП