21 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАбрамович одбил 50 млн евра за Мурињо

Абрамович одбил 50 млн евра за Мурињо

José-Mourinho-Receives-Support-From-Chelseas-Owner-Abramovich

Алесандро Прото, малцински сопственик на дел од акциите на фудбалскиот клуб Монако, открил дека на Челзи му понудил 50 милиони евра за менаџерот Жозе Мурињо, но дека понудата била одбиена. Во изјава за EFE, Прото, рекол дека во Лондон се сретнал со Роман Абрамович, кој ја одбил понудата бидејќи според него Мурињо е најдобриот менаџер во светот.

„Им понудивме 50 милиони евра за Мурињо да стане наш тренер, но тие бараа 100 милиони, што некако делува претерано“, рекол Прото.

Инаку, Жозе Мурињо, веќе неколку недели е централна тема во спортските кругови во Англија, бидејќи неговиот тим се наоѓа на 15-то место во Премиерлигата, во минатото коло Челзи го загуби и дербито со Ливерпул.

Жозе Мурињо има договор со Челзи кој истекува за нешто помалку од четири години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП