2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: „Топчиите“ во Минхен, „фармацевтите“ во Рим

ЛШ: „Топчиите“ во Минхен, „фармацевтите“ во Рим

baer asrenal

Четвртото коло во Лигата на шампионите ќе биде комплетирано во денеска, кога ќе се одиграат натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х. Дербито е во Минхен, во Ф групата, Баерн ќе го пречека Арсенал.

Баварците пред две недели во Лондон го забележаа првиот пораз во сезоната, во сите натпреварувања, ќе сакаат да му се одмаздат на Арсенал и воедно да направат уште еден чекор кон обезбедување на пласманот во нокаут фазата, каде вчера пласман осигураа Реал и Манчестер Сити.

Големо внимание ќе привлече и натпреварот на Олимпико во Рим помеѓу Рома и Баер Леверкузен. Римјаните по три кола имаат само два бода и дуелот со „фармацевтите“ е клучен за нив доколку сакаат да пласман меѓу најдобрите 16 во Европа.

Група Е:

Барселона – БАТЕ Борисов

Рома – Баер Леверкузен

Табела: Барселона 7, Баер 4, БАТЕ 3, Рома 2

Група Ф:

Баерн Минхен – Арсенал

Олимпијакос – Динамо Загреб

Табела: Баерн 6, Олимпијакос 6, Динамо 3, Арсенал 3

Група Г:

Челзи – Динамо Киев

Макаби Тел Авив – Порто

Табела: Порто 7, Динамо 5, Челзи 4, Макаби 0

Група Х:

Гент – Валенсија

Олимпик Лион – Зенит

Табела: Зенит 9, Валенсија 6, Гент 1, Лион 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП