28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТеди Шерингам се враќа на фудбалските терени

Теди Шерингам се враќа на фудбалските терени

teddi

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Теди Шерингам се враќа на фудбалските терени, иако има 49 години.

Шерингам, кој во моментот е менаџер на англискиот четворолигаш Стивениџ, се регистрирал и како фудбалер и би можел да заигра веќе ова среда во Хертс Сениор купот против Велвин Гарден Сити.

Шерингам за време на својата кариера седум години го носеше дресот на Тотенхем, четири на Манчестер Јунајтед, а играше и за Милвал, Вест Хем, Портсмут и Нотингем Форест. За репрезентацијата на Англија има 51 настап, постигнувајќи 11 голови. Играчката кариера ја заврши 2008 на возраст од 42 години.

Доколку Шерингам и настапи оваа недела, сепак нема да го собори рекордот на Стенли Метјус, кој во 1965 година настапи за Стоук, пет дена откако го прослави 50-тиот роденден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП