26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШпилер го засилува Металург

Шпилер го засилува Металург

shpiler

Словенечкиот ракометар Давид Шпилер (32) ќе настапува до крајот на сезоната за тимот на Металург, јавија во средата словенечките медиуми.

Шпилер (32) настапува на позицијата среден бек. Тој досега беше член на Брест Мешков, а до раскин на договорот дошло откако белоруски тим му замерил на Словенецот бидејќи подоцна се вратил од рехабилитацијата од повредата на рамото.

Покрај за Мешков, Шпилер има играно и за Целје, Цимос, Превент и за Загреб.

„Конечно се враќам назад на сцена. Со нетрпение чекам да ја почнам мојата втора кариера“, изјави Шпилер за љубљанско „Дело“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП