17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар-Шкендија четвртфинално дерби во Купот на Македонија

Вардар-Шкендија четвртфинално дерби во Купот на Македонија

kup-derbi

Двете водечки екипи во Првата фудбалска лига, Вардар и Шкендија, ќе се сретнат во четвртфиналето во Купот на Македонија.

Жрепката за четвртфиналето одлучи Шкендија да биде домаќин на првиот меч, а реваншот ќе се одигра на „филип Втори“ во Скопје.

Бранителот на трофејот во Купот, екипата на Работнички за противник го доби Силекс, Младост од Царев Двор ќе игра против Брегалница, а последната четвртфинална двојка ја формираа Македонија ЃП и Хоризонт Турново.

Првите натпревари ќе се одиграат на 25. ноември, а реваншите на 2. декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП