19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолиција влегла во просториите на ФС на Германија

Полиција влегла во просториите на ФС на Германија

policija dbf

Германската полиција влегла во просториите на Фудбалскиот сојуз (DFB) под сомнение дека бил затаен данок при добивањето на организацијата на Мундијалот во 2006-та година.

Весникот „Bild“ објави дека истражителите влегле и во куќите на претседателот на „DFB“ Волфганг Ниерсбах и поранешниот претседател Тео Цванцингер.

„Бараме материјали со кои ќе можеме да докажеме дека било избегнато плаќањето на данокот“, изјавил еден од истражителите за „Bild“.

Истражителите се сомневаат дека „DFB“ на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и уплатил 6,7 милиони евра со кои биле купувани гласови, со кои Германија ја доби организацијата на Светското првенство во фудбал во 2006-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП