ИНТЕРЕСНО

Нов момент за историја на Тим Данкан

tim dankan 333

Легендарниот центар на Сан Антонио Спарс, Тим Данкан, продолжи да пишува нови страници во историјата на НБА лигата. Данкан е дел од триото на играчи, заедно со Тони Паркер и Ману Џинобили, кое забележало најмногу победи во историјата на лигата, а во понеделникот тој стана играчот со најмногу победи во еден НБА тим.

Триумфот на Сан Антонио над Њујорк (94:84), беше 954-от за Данкан во дресот на Спарси, што преставува рекорд во НБА лигата.

Данкан во Сан Антонио пристигна како први пик на драфтот во 1997-ма година. Тековната сезона е 19-та се него во дресот на екипата од Тексас. Интересно во сите претходни одиграл најмалку 66 натпревари, а во секоја од овие сезони со клубот забележал најмалку 50 победи, исклучок се секако скратените сезони во 1999-та и 2012-та година.

Тим Данкан ги предводеше Спарси до пет шампионски титули, 15 пати играч на „Ол Стар“ натпреварот, а три пати бил прогласен за МВП на финалната серија. Тој е најдобриот стрелец во историјата на Сан Антонио.

Данкан кој има 39 години нема намера да стави крај на кариерата, откако на почетокот на летото потпиша двегодишен договор со тимот.