2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ гостува на „Сантијаго Бернабе“

ПСЖ гостува на „Сантијаго Бернабе“

psg rm 002

Четвртото коло во фазата по групи, во Лигата на шампионите, ќе се одигра во вторник и среда. Колото ќе го отворат дуелите во групите А, Б, Ц и Д, а дербито е во Мадрид каде на Реал ќе му гостува ПСЖ.

Двата тима се лидери во А групата и извесно е дека ќе изборат пласман во нокаут фазата, па дуелот во Мадрид ќе биде борба за првата позиција на табелата. Инаку првиот меч во Париз, одигран пред две недели, заврши без голови. Во вториот меч од оваа група Шахтјор ќе го пречека Малме и ќе се обиде не само да ги освои првите бодови сезонава, туку и да го постигне првиот гол.

Далеку понеизвесна е ситуацијата во Б групата, Волфсбург е лидер на табелата и би требало да остане на таа позиција и по дуелот со ПСВ Ајндховен. Неубедливиот Манчестер Јунајтед за противник ја има екипата на ЦСКА Москва.

Во Ц групата, дуелот помеѓу Астана и Атлетико Мадрид ќе го отвори ова коло во Лигата на шампионите. Мечот ќе стартува во 16 часот по средноевропско време, а Атлетико со евентуална победа ќе се доближи до нокаут фазата.

Дербито ќе се одигра во Лисабон каде Бенфика за противник ќе го има Галатасарај. Турскиот тим во првиот меч на двата тима славеше со 2:1.

Покрај дуелот во Мадрид, најмногу внимание во ова коло привлекува дуелот на „Санчез Писхуан“ помеѓу Севилја и Манчестер Сити. Пред две недели Севилја одигра одличен натпревар во Манчестер, но и покрај тоа загуби со 2:1. Голот со кој Сити победи го постигна Де Брујне во 90-та минута.

Интересен меч се очекува и во Менхенгладбах каде Јувентус ќе и гостува на Борусија.

Група А:

Реал – ПСЖ

Шахтјор – Малме

Табела: Реал 7, ПСЖ 7, Малме 3, Шахтјор 0

Група Б:

Волфсбург – ПСВ Ајндховен

Манчестер Јунајтед – ЦСКА Москва

Табела: Волфсбург 6, ЦСКА 4, Ман.Јунајтед 4, ПСВ 3

Група Ц:

Астана – Атлетико

Бенфика – Галатасарај

Табела: Атлетико 6, Бенфика 6, Галатасарај 4, Астана 1

Група Д:

Севилја – Манчестер Сити

Борусија М. – Јувентус

Табела: Јувентус 7, Ман.Сити 6, Севилја 3, Борусија 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП