10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеми Гарде нов тренер на Астон Вила

Реми Гарде нов тренер на Астон Вила

1664804_w2

Францускиот фудбалски стручњак Реми Гарде е именуван за нов менаџер на премиерлигашот Астон Вила, објави клубот од Бирмингем.

Гарде потпиша договор до јуни 2019 година, а на клупата на Астон Вила го наследи Тим Шервуд, кој поради лошите резултати минатата недела доби отказ.

Гарде во кариерата бил тренер само на Олимпик Лион, а изминатата година работел како консултант на телевизијата Канал плус.

Астон Вила е последнопласирана на табелата во Премиерлигата со само четири освоени бодови, од десет одиграни натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП