Најдобриот стрелец во историјата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, нема дилема дека е подобар играч од Лионел Меси.
Роналдо и Меси доминираат во светскиот фудбал во последните десетина години, а Португалецот рекол дека нема проблем со тоа што го споредуваат со ѕвездата на Барселона.
„Ако ги погледнете последните осум години, јас константно бев на врвот, а тоа е многу тешко. Наведете еден играч кој успеал да го направи тоа? Разликата меѓу првиот и вториот е мала, тука одлучува дали јас сум освоил трофеи или не. Можеби за вас најдобар е Меси, но во мојата глава јас сум најдобриот. Така би требало секој да размислува за себеси. Поради тоа толку и успеав да направам во кариерата“, рекол Роналдо.
Исто така, тој рекол дека дома воопшто не гледа фудбал.
„Фудбалот е мојот живот. Сепак, не сум некој кој гледа фудбал на телевизија. Уживам во големите натпревари, но генерално кога сум дома правам некои други работи“, додал.