17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФФМ сака долга соработка со Ангеловски

ФФМ сака долга соработка со Ангеловски

ffm-angelovski

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) има намера да склучи долгорочен договор со новиот селектор Игор Ангеловски, рече на прес конференцијата во понеделникот, на која беше објавен списокот на играчи за мечевите кои репрезентацијата ќе ги одигра против Црна Гора и Либан, техничкиот директор на националниот тим Саша Ќириќ.

„Тенденцијата е Ангеловски да остане подолго време на кормилото на репрезентацијата, и нашата цел е долгорочна работа, да се обидеме да направиме добри резултати, а ударна цел ни е 2020 година. Поради тоа, сакаме да склучиме договор на подолг период и се надевам дека по овие два натпревара дека тоа ќе го конкретизираме со договор“, рече Ќириќ.

ФФМ го назначи Ангеловски да ја води репрезнетацијата по оставката која ја поднесе Љубинко Друловиќ. Инаку новиот селектор сé уште е под договор со Работнички.

„Од оној момент кога и со договор би станал селектор на репрезентација, мојот статус во Работнички престанува. Јас имам договор со Работнички до 15. декември, а сега сум максимално сконцентриран на овие две пријателски средби, да се обидеме да направиме позитивни резултати и да ја прекинеме лошата серија“, рече Ангеловски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП