19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООбрван: Турнирот во Умаг шанса за докажување за младите играчи

Обрван: Турнирот во Умаг шанса за докажување за младите играчи

obrvan kire

Македонската ракометна репрезентација, денеска, стратуваше со подготовките за настап на турнурот во Умаг кој во рамките на неделата на ЕХФ ќе се одржува од 6-ти до 8-ми ноември.

На првиот собир од повиканите не се појавија Борко Ристовски и Гоце Георгиевски, кои во неделата имаа обврски со своите клубови и Никола Маркоски, кој се повреди на последниот натпревар и многу веројатно нема да биде во составот на националниот тим.

„Се уште не знаеме каква е ситуацијата со Никола Марковски, кој се повреди на последниот натпревар на својот клуб. Постои можност повредата да е посериозна и тој да мора да не патува на овој турнир. Веројатно дополнително на неговата позиција ќе повикаме друг играч, но ќе го причекаме извештајот на лекарите“, рече селекторот Обрван.

Селекторот Ивица Обрван во Умаг, ќе патува со подмладен тим, без Миркуловски, Стоилов, Јоноски, Мојсовски.

„Овој турнир ќе го искористиме за проверка на помладите играчи, да видиме дали на нив ќе можеме да сметаме и за подготвителниот период, па и за самото Европското првенство и секако да бидеме подготвени за евентуални повреди на искусните играчи, како што тоа сега ни се случи. Ние ќе имаме разбирање за играчите кои имаат напорни настапи за своите клубови, особено за оние кои настапуваат во странство. Ќе настојуваме со помладите играчи низ тренинзите да видиме на кои позиции можеме најмногу да добиеме. Не сме премногу оптоварени со резултатите на овој турнир, но ќе се обидеме да ги искористиме натпреварите против Хрватска и Црна Гора да видиме што можат младите играчи“, дополни Обрван.

Селекторт информираше и дека прелиминарниот список од 28 ракометари кој е испратен во ЕХФ не е конечен, туку до 11-ти декември тој може да се менува.

„Играчите кои на 11-ти декември Федерацијата ќе ги пријави ќе биде конечен. Од тој список ќе се бираат оние кои ќе настапат на Евопското првенство“.

Македонија на турнирот во Умаг на 6-ти ноември ќе игра против Хрватска, а ден подоцна против Црна Гора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП