19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПенезиќ една од трите ѕвезди на колото во ЛШ

Пенезиќ една од трите ѕвезди на колото во ЛШ

apenezic 00

Андреа Пенезиќ, левиот бек на Вардар, е прогласена за една од трите најдобри ракометарки во третото коло во Лигата на шампионките.

Пенезиќ, со десет голови, блескаше во убедливата победа на Вардар над дански Митјиланд (33:24).

„Најдобриот стрелец во минатата сезона, одигра според своите стандарди, погодуваше од сите позиции. Кога Пенезиќ е во форма Вардар е еден од фаворитие за титулата во Лигата на шампионите“, се вели во кометарот на ЕХФ.

Покрај Пенезиќ, според ЕХФ, другите две ѕвезди се Аманда Куртовиќ од Ларвик и Зита Шучански од Ференцварош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП