19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБока шампион на Аргентина

Бока шампион на Аргентина

titula boka

Фудбалерите на Бока Јуниорс со минималната победа (1:0) над Тигре, на коло пред крајот, ја обезбедија шампионската титула во Аргентина. Единствениот гол на натпреварот го постигна Фабиан Манзон.

Бока ја освои 31-та титула во клупската историја, а повеќе шампионски титули има градскиот ривал Ривер Плејт (36). Инаку, Бока има можност да ја освои двојната круна, бидејќи наскоро ќе игра во финалето на Купот против Росарио Централ.

Карлос Тевез кој оваа сезона одби понуди на неколку европски великани само за да се врати во Бока, емотивно го преживеа освојувањето на титулата.

„Имам освоено многу титули, но оваа е посебна. Поради ова се вратив во Бока, поради ова се живее. Многу ми е тешко сега да зборувам“, рече Тевез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП