10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФедерер ја прекина црната низа против Надал

Федерер ја прекина црната низа против Надал

federer-nadal

Роџер Федерер, по речиси четири години успеа да го победи Рафаел Надал, тој ја прекина серијата од пет последовни порази против Шпанецот и ја освои титулата во Базел.

Федерер во 34-от дуел со Надал ја забележа 11-та победа, тој славеше со 6:3, 5:7, 6:3 по нешто повеќе од два часа игра. Титулата во Базел беше шеста за швајцарскиот тенисер оваа година.

Роџер Федерер против Рафаел Надал го одбрани трофејот во родниот град и ја освои 88-та титула во кариерата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП