18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардарки убедливи против Митјиланд

Вардарки убедливи против Митјиланд

vardarki

Ракометарките на Вардар ја забележаа втората победа во Лигата на шампионките, откако во неделата, славеа над дански Митјилинад со 33:24 (16:8).

Вардарки со исклучок на еден лош период во средишницата на второто полувреме одиграа одличен натпревар, кој на крајот го крунисаа со победа.

Совршено изгледаше играта на ‘црвено црните’ во првото полувреме, цврстата одбрана придонесе вардарки да ја добијат потребната сигурност во нападот и предводени од Пенезиќ во 18-та минута стекнаа предност од 12:4.

Данките само за момент успеаја да се вратат со серија од три гола, но потоа следуваше нов противудар на ‘црвено црните’ за предност од 16:8 по првиот дел.

Во исто темпо вардарки започнаа и во второто полувреме и во 35.минута стигнаа до максималната предност од десет голови (22:12).

Во наредните 15 минути Митјиланд го засили темпото на играта, најпрвин во 43-та ја преполовија негативата (23:18), а во 48-та имаа напад за да се доближат на само три гола негатива, кој не го искористија.

Во последните девет минути, вардаровите ракометарки ја засилија играта во одбраната со која и ја заверија победата од 33:24.

Пенезиќ со десет голови беше најефикасна на мечот, а по пет голови постигнаа Радичевиќ и Лекиќ. Најпрецизна кај Митјиланд беше Јенсен со пет голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП