Победничките серии на Вардар и Шкендија продолжија и во 13.коло во Првата македонска фудбалска лига. Вардар минимално славеше над Металург, а Шкендија постигна два гола за победа во Кочани, против Брегалница.
Металург, во Маџари, го пречека Вардар, а вардарци со минимална победа го задржаа лидерското место на табелата. Ромео го постигна единствениот гол на мечот во 27.минута.
Брегалница, во Кочани ја пречека Шкендија и загуби со 0:2. Гостите по еден гол постигнаа во двете полувремиња, најпрвин Алими во 41-та, а потоа и Радески во 73-та минута.
Работнички против Младост до триумфот стигна во судиското надополнување на времето. Првиот гол го постави Илиоски во 91-та, а конечниот резултат го постави Вујчиќ во 93-та минута.
Ренова го победи Силекс со 2:1, додека Хоризонт Турново и Шкупи одиграа без голови.
Резултати, 13.коло:
Работнички-Младост Царев Двор 2:0
Металург-Вардар 0:1
Брегалница-Шкендија 0:2
Ренова-Силекс 2:1
Хоризонт Турново-Шкупи 0:0
Табела, 12.коло : 1. Вардар 33, 2. Шкендија 32, 3 Силекс 18, 4. Шкупи 16, 5. Работнички 16, 6. Ренова 16, 7. Младост ЦД 13 (-1), 8. Брегалница 13, 9. Х. Турново 12, 10. Металург 5.