21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРадванска го освои завршниот ВТА Мастерс

Радванска го освои завршниот ВТА Мастерс

радарад

Полската тенисерка Агнешка Радванска го освои завршниот Мастерс во женска конкуренција. Радванска во финалето во Сингапур славеше над Петра Квитова.

Радванска која завршниот ВТА турнир го започна со два пораза, во финалето славеше над Квитова со 6:2, 4:6, 6:3.

„Добро е што воопшто добив шанса да бидам овде. Беше ова неверојатно финале. Имав добри и лоши периоди, но во решавачките моменти ги бирав вистинските решенија. Многу сум среќна ова е моето прво финале и првата победа овде. Пред неколку денови не можев да замислам дека ќе бидам тука, поради тоа ова е мојот најубав ден во животот“, рече Радванска.

Полската тенисерка го оствари својот најголем успех во кариерата и стигна до 17-та титула.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП