4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЖан Тод: Шумахер продолжува да се бори

Жан Тод: Шумахер продолжува да се бори

zc

Седумкратниот светски првак во Формула 1, Михаел Шумахер и понатаму се бори за својот живот, тврди претседателот на Светската автомобилистичка федерација Жан Тод.

Шумахер се здоби со тешки повреди на главата, на скијање во француските Алпи, на 30.декември 2013 година. Германецот потоа шест месеци  беше во кома, а пред нешто повеќе од една година е префрлен во својот дом во Швајцарија, каде за неговото здравје се грижи тим на лекари.

Изјавата на Тод доаѓа еден ден по тврдењето на еден бразилски новинар дека Шумахер повеќе не го посетуваат ниту најблиските пријатели, бидејќи семејството сака да ја сочува приватноста.

Жан Тод беше шеф на Ферари во време кога Шумахер владееше со Формула 1, односно во периодот од 2000 до 2004 кога тој освои пет шампионски титули.

„Михаел ми е близок пријател и јас имам одличен однос со неговото семејство. Мораме да го натераме да се бори заедно со своето семејство“, рекол Тод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП