2 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКолку често погледнуваме во смартфоните?

Колку често погледнуваме во смартфоните?

msarti 3

Погледнуваме кон смартфонот да видиме колку е часот, колку степени е темпаратурата надвор, дали имаме нови пораки, што е ново на социјалните мрежи, итн.

Дали всушност сте размислувале колку често погледнувате кон мобилниот уред?

msarti 4

Одговор на ова прашање го дава една нова студија. Според неа во просек корисниците ги проверуваат смартфоните 85 пати на ден, дури и без размислување дека тоа го прават. Просечниот корисник го користи смартфонот во просек пет часа на ден, или околу една третина од времето во кое е буден, според истражувањето, направено од „Nottingham Trent University found“.

За време на истражувањето 23 лица на возраст меѓу 18 и 33 години биле прашани колку често погледнуваат кон смартфоните и последователно одговорите им биле споредени со нивното вистинско користење. На уредите на испитаниците била инсталирана апликација, која забележувала секој пат кога корисниците го користеле во период од две недели.

msarti 5

Истражувањето доаѓа до заклучок дека луѓето ги користат смартфоните два пати повеќе отколку што мислат дека го прават. Голем дел од користењето било краткотрајно и во рок од 30 секунди.

Како заклучок од истражувањето се доаѓа до тоа дека луѓето имаат многу мала идеја за интензитетот во користењето на мобилните уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП