1 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФенер го сруши ‘кралот’, нова катастрофа на Црвена ѕвезда

Фенер го сруши ‘кралот’, нова катастрофа на Црвена ѕвезда

perica real

Фенербахче, во дербито на третото коло во кошаркарската Евролига, славеше над Реал со 77:66. На преостанатите натпревари кои се одиграа во петокот, за издвојување е и новата катастрофа на актуелниот шампион во АБА лигата белградска Црвена ѕвезда. ‘Црвено-белите’ како гости кај Химки беа поразени со 91:53.

Фенербахче против европскиот првак ја прекина серијата од два порази, откако го одиграа најдобриот меч во досегашниот тек од сезоната. Фенер од самиот почеток ја контролираше играта и не му дозволи на Реал во ниту еден момент сериозно да му се закани.

Датоме и Јудо со по 15 поени го предводеа Фенер до втората евролигашка победа. Перо Антиќ на теренот мина 11 минути и за тоа време имаше ефект од четири поени и исто толку скокови. Најефикасен кај Реал, кој го претрпе вториот пораз во Евролигата, беше Рејес со 15 поени.

Химки ја декласираше Црвена ѕвезда, иако белградскиот тим во финишот на првата четвртина имаше предност од 10:17, но потоа Химки до полувремето стекна предност од 21 поен. Сите играчи на Химки на овој меч се запишаа меѓу стрелците, додека кај Црвена ѕвезда единствен кој заслужи преодна оценка беше Цирбес (15 поени, 14 скокови).

Група А:

Фенербахче-Реал Мадрид 77:66  (20:18, 19:14, 24:24, 14:10)

Химки-Црвена ѕвезда 91:53 (22:17, 29:13, 20:9, 20:14)

Баерн-Стразбур 76:61 (18:12, 13:17, 23:18, 22:14)

Група Б:

Армани-Олимпијакос 66:71  (23:20, 14:19, 17:13, 12:19)

Група Ц:

Зелена Гора-Локомотив Кубан 75:83  (15:13, 23:27, 19:19, 18:24)

Група Д:

Уникаха-Дарушафака 81:69 (16:20, 28:17, 20:16, 17:16).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП