26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн освои само бод во Франкфурт

Баерн освои само бод во Франкфурт

_86415316_muller_reuters

Фудбалерите на Ајнтрахт од Франкфурт останаа непоразени во дуелот со актуелниот германски шампион Баерн Минхен, откако нивиот дуел во 11.коло заврши без голови. Баерн по серијата од десет победи ги загуби првите бодови во новата сезона.

Пеп Гвардиола на овој натпревар си поигруваше со формацијата на својот тим, но и покрај тоа Баварците беа поблиску до победата. Во првото полувреме добри можности за постигнување на гол пропуштија Вдал, Хави Матинез и Коман.

И во вториот дел Баерн не успеа ниту еднаш да резлизира, а домаќинот преку Мејер и Стендер пропушти можност за сензација.

Бундеслига, 11.коло:

Сабота: Шалке-Инголштад, Аугзбург-Мајнц, Вердер-Борусија Дортмунд, Келн-Хофенхајм, Херта-Борусија Менхенгладбах, Волфсбург-Баер Леверкузен

Недела: Штиутгарт-Дармштад, Хамбург-Хановер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП