8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБез Миркуловски и Јоноски на турнирот во Умаг

Без Миркуловски и Јоноски на турнирот во Умаг

јоновски00

Во некомплетен состав македонската ракометна репрезентација во неделата на ЕХФ, од 2 до 9.ноември, ќе настапи на турнирот во Умаг.

Селекторот потврди дека поради повреди турнирот ќе го пропуштат интернационалците Филип Миркуловски и Ацо Јоноски.

Миркуловски подолго време има проблеми со повредата, па поради тоа селекторот решил да го ослободи од обврските, додека Јоноски во четвртокот му соопштил дека е повреден и дека му престои двенеделна пауза.

Обрван претходно во репрезентацијата го повика Дарко Димитриевски, а по откажувањето на Миркуловски и Јоноски, повик доби младиот играч на Пелистер Стефан Дрогришки.

На турнирот во Умаг противници на Македонија ќе бидат селекциите на Хрватска и Црна Гора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП