17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДамјановиќ: Очекувам да славиме против Митјиланд

Дамјановиќ: Очекувам да славиме против Митјиланд

damjanovik

Сања Дамјановиќ (28) ќе биде еден од адутите на ЖРК Вардар на натпреварот со Митјиланд, кој е од исклучително значење за македонските шампионки, во Лигата на шампионките.

Дамјановиќ одлично го познава противникот и данскиот ракомет со оглед на тоа што претходните две години ги мина во Виборг.

„Неделата која следуваше по поразот од Ѓер беше многу тешка за нас на психички план, мислам дека не започнавме добро во ЛШ, тоа не беше вистинската слика за Вардар, борбеноста не беше на ниво, едноставно ништо не функционираше. Поради тоа мене лично многу ми значеше натпреварот против Хипо во Виена, иако тие се слаба екипа. Многу ми значеше за личната самодоверба. Се надевам дека нашата форма ќе оди во нагорна линија, сеуште не ја имаме достигнато вистинската форма, но во недела ќе сториме се за да извојуваме победа. Митјиланд не сака да игра против противник кој игра цврсто во одбраната, а токму тоа ќе биде рецептот за овој натпревар и за останатите до крајот на Лигата на шампионите. Одбраната е таа која ги добива натпреварите. Треба добро да одговориме на нивната игра, треба да трчаме добро, да биде брзи во одбраната, да го спречиме нивниот контранапад“, рече Дамјановиќ.

Натппреварот ЖРК Вардар-Митјиланд ќе се одигра в недела во Скопје, со почеток во 15:15 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП