12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлоп: Мурињо е добра личност, доколку не сте судија или новинар

Клоп: Мурињо е добра личност, доколку не сте судија или новинар

mourinho-klopp

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во пресрет на дербито со Челзи, искажа почит кон колегата Жозе Мурињо. Германецот рекол дека Мурињо знае да биде пријатен, но само доколку не сте судија или новинар.

Мурињо се наоѓа под огромен притисок на јавноста поради лошите резултати на неговиот тим, а медиумите шпекулираат дека доколку не победи против Ливерпул, тогаш Роман Абрамович ќе му врачи отказ.

„Многу го почитувам него и неговата работа, и доколку не сте судија или новинар може да биде многу пријатна личност. Додека траат натпреварите двајцата сме многу емотивни, но ние сме професионалци и имаме добар однос. Додека бев во Германија често разменувавме пораки, јас лично многу ја почитувам неговата работа. Тој е добар“, рекол Клоп.

Дербито Челзи-Ливерпул ќе се одигра в сабота со почеток во 13:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП