2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПливачи од цела Европа ќе си ги одмерат силите на базенот „Карпош“...

Пливачи од цела Европа ќе си ги одмерат силите на базенот „Карпош“ под покровителство на „Пелистерка“

karpos bazen 00

Повеќе од 500 пливачи од 13 земји во Европа, вклучувајќи ја и Македонија, викендов ќе настапат на Меѓународниот пливачки натпревар што ќе се одржи на базенот Карпош при спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје под покровителство на „Пелистерка“.

Повеќето учесници на натпреварот ќе се обидат да исполнат норми за учество на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во Израел во декември. Македонија ќе ја претставуваат најдобрите пливачи од земјава, меѓу кои Мартин Стефановски, Сандра Иванова, Ева Барамачева и други.

karpos bazen 03

Натпреварот традиционално се одржува секоја година по повод Денот на ослободувањето на Скопје – 13-ти Ноември. Домаќин на настанот е скопскиот пливачки клуб „Бета“, под раководство  на главните тренери проф. д-р Наташа Мешковска, Методија Ангелески и Марјан Соколовски.

„И покрај големата конкуренција, од нашите пливачи очекуваме освојување голем број медали и исполнување на нормите за учество на ЕП“, вели главниот тренер Наташа Мешковска.

 

karpos bazen 02

Компанијата „Пелистерка“ редовно ги поддржува спортските настани во земјава.

„Јакнењето на спортскиот дух и меѓународната афирмација на Македонија, секогаш е еден од фокусите на нашите социјални ангажмани како компанија. Веруваме дека македонските претставници успешно ќе ја престават нашата земја на овој натпревар“, велат од „Пелистерка“.

karpos bazen 04

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП